
Во рамките на неделната НХЛ програма, Њујорк Ренџерс ја оправдаа фаворитската улога и ги совладаа Колумбус Блу Џекетс со 0-4.
На два натпревари пред крајот, Ренџерс го заземаат четвртото место во Источната конференција со мали теоретски шанси и за скок на втората позиција.
Од друга страна, во истата конкуренција, Блу Џекетс го заземаат самото дно без никаква прилика за напредок.
На мечот, стрелци за гостите беа Џими Веси и Крис Крајдер во првата, односно Нико Микола и Винсент Трочек во третата третина.
Голманот на победничкиот состав, Илја Шестјоркин, ја зачува својата мрежа по третпат сезонава, одбранувајќи ги сите дваесет противнички шутеви.