На денешниот митинг во Рим, во рамките на Дијамантската лига, падна рекордот во скок со стап. Имено, рекордот на отворено го држеше Сергеј Бубка со прескокнати 6,14 метри на 31 јули 1994 во Сестриере.
Денес, до победата, а и до нов светски рекорд, стигна дваесетгодишниот Швеѓанец Арманд Дуплантис. Дуплантис од втор обид успеа да прескокне 6,15 метри и да се запише во историјата како нов рекордер во оваа дисциплина. Исто така, Швеѓанецот роден во САД, го држи рекордот и за највисок скок во сала со 6,18 метри.
На второто место заврши надежниот Белгиец Сем Брудерс со нов личен и национален рекорд од 5,80 метри, а на третото место се пласира Филипинецот Ернст Џон Обиена со иста висина како и второпласираниот Брудерс.