По изненадувачкиот пораз од Витјаз Подолск во второто коло, екипата на АК Барс Казањ успеа да се консолидира и денес да ја запише четвртата последователна победа, славејќи во „зеленото“ дерби против Салават Јулаев Уфа со 4-1.
Најпрво, Уфа поведе во првиот дел преку Теему Хартикаинен, а Најџел Доус израмни на 1-1 во петнаесеттата минута. Во втората и во третата третина, Данис Зарипов постигна по еден погодок и го оствари пресвртот на Казањ, а воедно го забележа и својот тристоти погодок во регуларните натпревари во КХЛ. Во завршницата, Станислав Галиев само го завери конечниот резултат.
За Уфа, ова е втор пораз сезонава, кој ја прекина серијата од две врзани победи над квалитетни ривали – Авангард Омск и Торпедо Нижњи Новгород.



