
Синоќа, Мемфис Гризлис славеа со 141-114 над Њу Орлеанс Пеликанс и им го нанесоа третиот меѓусебен пораз во низа.
Гризлис влегоа несигурно во дуелот, но веќе во завршницата на првата четвртина имаа двоцифрено водство, кое само се зголемуваше до самиот крај.
Во третата четвртина, Мемфис постигна 55 поени што претставува нов рекорд на франшизата, а воедно и четврт највисок учинок за еден квартал од 1955 наваму.
Од домашниот состав, поентерски најрасположени беа Дилон Брукс со 23 и Џа Морант со 21 кош.
На спротивната страна, дабл-дабл од 15 поени и од 10 скокови запиша Вили Хернангомез, а поефикасен од него, со 16 поени, беше само Си Џеј МекКолум.
Во Западната конференција, Мемфис (56-25) го обезбеди второто место, додека Пеликанс (36-45) се сигурни на деветтата позиција.




