Њу Џерси Девилс ја прекинаа негативната низа од пет порази, совладувајќи ги Далас Старс со 1-3.
За Девилс, ова беше воедно и прва меѓусебна победа на гостински терен после 16 ноември 2016.
После две одиграни третини, Далас имаше водство од 1-0, благодарение на јубилејниот стоти гол во НХЛ на Рајан Сутер.
Сепак, во третиот период, гостите трипати ја затресоа мрежата на Џејк Отингер, а голгетери беа Тај Смит, Нико Хишир и Павел Заха.
Во Источната конференција, Њу Џерси се наоѓа на петнаесеттото место, додека Далас е осмопласиран тим на Западот.