
Бостон Ред Сокс влегоа во мини-серија од два триумфи, со синоќешната победа над Тампа Беј Рејс од 4-0.
Домаќините од Масачусетс постигнаа по еден поен во четвртиот и во петтиот, односно два поени во осмиот ининг.
Во листата на поентерите се запишаа Тревор Стори (хоум-ран), Кристијан Аројо, Рафаел Деверс и Џеј Ди Мартинез.
Одлични фрлачки перформанси покажа Катер Крофорд од победничкиот состав, кој исфрли со страјк-аут осум од вкупните шеснаесет удирачи.
Во Американската лига, Бостон (45-35) скокна на третото место, спуштајќи ја Тампа (43-37) на шестата позиција.