Бостон Ред Сокс им го нанесоа деветтиот пораз на последните единаесет пресметки на Њујорк Јенкис, откако во најголемото дерби на МЛБ славеа со 3-0.
На мечот, домаќините поентираа еднаш во првиот и двапати во шестиот ининг за да дојдат до конечниот резултат.
Во листата на поентерите, двапати со по четири освоени бази се запиша Томи Фем, а еден хоум-ран забележа Рафаел Деверс.
Одличен за Ред Сокс беше стартниот фрлач, Мајкл Вача, кој дозволи два удари за седум периоди и освои девет страјк-аути.
Со овој пораз, Јенкис (72-43) паднаа на второто место во Американската лига, а Бостон (57-59) ја држи десеттата позиција.