Вчера машката кадетска репрезентација на Македонија славеше во финалето против Швајцарија, со 24:22.
Првото место на Македонија на ЕХФ шампионатот и донесе пласман на младинското ЕП 2024 година и пласман на кадетското СП 2023 година.
За МВП на ЕХФ шампионатот е прогласен нашиот репрезентативец Томислав Димковски.
Уште тројца македонци се најдоа во идеалниот тим на ЕХФ шампионатот во Летонија. Наградата за најдобро лево крило му припадна на Михаел Тотиќ, додека наградата за најдобар голман заврши во рацете на Давид Брестовац. За најдобро десно крило беше прогласен Александар Петковски.