Тековната НРЛ сезона заврши за Њукасл Најтс, откако денес доживеаја елиминација од Саут Сиднеј Рабитохс.
Имено, тимот од јужен Сиднеј славеше со убедливи 46-20, пред сè поради неверојатната игра во второто полувреме.
Од 40. до 78. минута, Рабитохс направија серија од 26-0, којашто се покажа како клучна за пласманот во четврт-финалето.
Единствен поволен период за Најтс беа првите петнаесет минути, после коишто водеа со 0-14.
Рабитохс, на оваа средба, постигнаа осум есеи преку Алан, Вокер, Џонстон (х2), Мареј, Татола (х2) и Кук, а полагањата за поразениот состав ги постигнаа Хант (х2) и Бест.
Во четврт-финалето, Саут Сиднеј ќе ги одмери силите со Парамата Илс, а победникот, во полуфиналето, ќе игра против Мелбурн Сторм.