Во првиот меч од второто коло на новата НРЛ сезона беше одиграно и првото овогодишно продолжение.
Имено, после регуларните 14-14, Мелбурн Сторм им го нанесоа вториот пораз на Саут Сиднеј Рабитохс, совладувајќи ги со 15-14 после дополнителни пет минути.
Во текот на мечот беа одиграни две различни полувремиња со две серии од по 14-0 и на двете страни, проследени со неверојатен финиш.
За Сторм, Ксавиер Коутс (11′) и Камерон Манстер (24′) постигнаа по еден есеј, а Рајан Папенхајзен (21′), исто така успешно погоди една конверзија и победнички дроп-гол.
На спротивната страна, топката во противничката енд-зона ја оставија Адам Џонстон (69′), Џексон Пауло (75′) и Кемпбел Греам (78′), а Латрел Митчел, иако ги промаши трите конверзии, погоди пенал за израмнување во последната минута.