Американката Микаела Шифрин го освои четвртиот кристален глобус во својата кариера, откако беше второпласирана на финалето во супервелеслалом во Куршевел (Франција).
Шифрин (+0,05) освои големи осумдесет поени, кои ја зацврстија на првата позиција во генералниот поредок на две трки пред крајот, со 236 бодови предност во однос на Петра Влхова.
На денешната трка, најбрза беше Рагнилд Мовинкел (1:13,68), која триумфираше по вторпат во кариерата, односно за првпат после 9 март 2018.
Воедно, иако е доминантна сила кај мажите, за Норвешка ова беше прв триумф во супервелеслалом во женска конкуренција после 7 март 1996, кога Ингеборг Хелен Маркен славеше во Квитфјел (Норвешка).
Зад победничкото дуо, денес се пласираше Мишел Гизин (+0,13), комплетирајќи го пиедесталот по петти пат сезонава.
Ви продолжение следуваа двете најдобри домашни претставнички, Теса Ворли (+0,34) и Роман Мирадоли (+0,48), а во топ 10 се најдоа уште: Корин Сутер (+0,57), Марта Басино (+0,69), Лаура Гош (+0,87), Јасмин Флури (+0,92) и Тамара Типлер (+0,93).
Малиот кристален глобус во супервелеслалом и’ припадна на Федерика Брињоне (+1,64), која ја зазеде деветнаесеттата позиција и стана првата Италијанка со конечен триумф во оваа дисциплина.