
На денешната олимписка индивидуална трка на петнаесет километри во крос-кантри во класичен стил, до третото злато на ЗОИ дојде Ииво Нисканен (37:54,8).
Триесетгодишниот Финец беше ,,бронзен” на скијатлонот пред три дена, а денес постави убедливо најдобро време, доволно за четвртото одличје од ЗОИ во кариерата.
Воедно, ова беше прво злато на Финска на тековните Зимски олимписки игри и само четврто одличје за оваа балтичка земја, која своевремено важеше за велесила во зимските спортови.
Дури три од четирите признанија се донесени од братот и сестрата, Ииво и Керту Нисканен, а една бронза освои Криста Пармакоски.
Освојувачот на Светскиот куп од минатата сезона и актуелниот олимписки првак во скијатлон, Александер Болшунов (+23,2), денес го зазеде второто место.
Еден од најголемите фаворити и водечкиот во поредокот на Светскиот куп, Јоханес Клебо (+37,5), се закити со бронза после четирите злата на Олимписките игри.
Во првите петмина се пласираа уште Ханс Кристер Холунд (+49,8) и Алексеј Червоткин (+56,9), кои воедно беа последни со заостаток под една минута.




