Со синоќешната победа од 110-103 над Орландо Меџик, Детроит Пистонс го запишаа првото славје во новата НБА сезона.
Натпреварот беше во потполност изедначен, иако Пистонс имаа двоцифрена предност во повеќе наврати во третата и во четвртата четвртина.
За домашниот состав, на овој меч, своето деби го имаше првиот пик на драфтот, Кејд Канингем, кој запиша само 2 поени од 1/8 прецизни шутеви.
Од неговите соиграчи, Џерами Грант уфрли 22 поени, а Кели Олиник додаде уште 18 кошеви.
На спротивната страна, Моритц Вагнер беше најефикасен со 19 поени, а Кол Ентони постигна дабл-дабл од 15 кошеви и од 10 скокови.
На табелата на Источната конференција, двете екипи се наоѓаат на самото дно, заедно со Индијана Пејсерс, со само една победа во досегашниот дел од сезоната.