
По шести пат во низа, односно од почетокот на 2018 наваму, Нешвил Предаторс славеа против Њујорк Ајлендерс.
Синоќа, составот од Тенеси ги порази гостите од ,,Големото јаболко” после пенали, откако после 65 минути игра, резултатот гласеше 2-2.
На мечот, Ајлендерс двапати стекнуваа предност преку Ентони Бовилие и преку Оливер Валстром, додека Предаторс израмнија со двата погодоци на Танер Жанот.
Во пенал-серијата, Филип Форсберг и Роман Јоси го совладаа голманот Илја Сорокин за конечен триумф на Нешвил.
На табелата и двете екипи имаат по осум бодови, но Нешвил го зазема седмото место на Западот, додека Ајлендерс се дури единаесетти на Истокот.