Новата КХЛ сезона беше отворена со дуелот на титаните – ЦСКА Москва и АК Барс Казањ. Овие два состави се воедно и последните два шампиони – ЦСКА ја освои лигата во 2018/19, а АК Барс – една година претходно.
Првиот гол падна после педесет и една секунда, а стрелец беше Дмитри Саморуков, кој донесе предност за ЦСКА.
На почетокот на вториот период, Казањ израмни преку пауер-плеј голот на Стефан Да Коста.
Во третиот период, двете екипи постигнаа по еден погодок. За ЦСКА погоди Антон Слепишев, кој пет минути подоцна, промаши пенал за дуплирање на предноста. На седум минути пред крајот, Џастин Азеведо израмни на 2-2 и го однесе натпреварот во продолжение.
Во дополнителните пет минути, деветнаесетгодишниот Дмитри Воронков им ја донесе победата на Барс Казањ при нивното водство на мечот.



