
Екипата на Дери обезбеди директен пласман во четвртфиналето на Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, откако денес стана регионален шампион.
Имено, во финалето на Алстер, Дери го порази Донегал со (1-16) 19-17 (1-14) и се закити со осмата провинциска титула и прва после 1998.
На полувремето, Дери водеше со (1-06) 9-6 (0-06), но после седумдесет минути игра, резултатот гласеше (1-12) 15-15 (1-12).
Сепак, после двете продолженија, популарните ,,Оук Лиферс” покажаа подобри перформанси и заслужено дојдоа до конечен триумф.
Од избраниците на Деклан Бонер, најефикасни беа Колан МекГонагл (0-03) и Одран МекФеден-Фери (1-00).
Од друга страна, кај новите регионални шампиони, како најрасположени во офанзивата се покажаа Шејн МекГуиган (0-06), Најал Лафлин (1-02) и Брендан Роџерс (0-03).
Роџерс беше избран за играч на натпреварот и следствено на тоа изјави:
,,Одиграа одлично, но ние не сакаме да запреме овде!”
На патот до финалето, Донегал ги елиминира Армах и Каван, додека Дери беше подобар од минатогодишните финалисти – Тироун и Монахан.
И покрај поразот, сезоната за Донегал не е завршена, бидејќи ќе има поправен испит во втората квалификациска рунда.