
Во петнаесеттата сезона на Индиската Премиер лига во Т20 крикет до титулата стигна екипата на Гуџарат Титанс.
Имено, за ,,Титаните”, ова е прва титула во најквалитетната светска лига, освоена во дебитантската сезона.
Во големото финале, одиграно на ,,Нарендра Моди Стадиум” во Ахмедабад, новите шампиони го поразија тимот на Раџастан Ројалс со (18.1) 133/3 – 130/9 (20).
Во првиот ининг, од удирачите на Ројалс, најефикасни беа Џос Батлер (39) и Јашасви Џаисвал (22), а од фрлачите на Титанс, Хардик Пандја имаше најдобра економија од 3-17.
Во вториот период, за Гуџарат, најмногу поени постигнаа Дејвид Милер (32*), горенаведениот Пандја (34) и Шубман Гил (45*), а фрлачки учинок од 1-14 за Раџастан имаше Трент Булт.