Петтата сезона на Пакистанската Супер Лига во Т20 крикет беше завршена денес, со возбудливото финале.
Имено, на Националниот стадион во Карачи, силите ги одмерија второпласираниот и третопласираниот тим од регуларната сезона – Карачи Кингс и Лахоре Каландарс.
Карачи Кингс ја освоија својата прва титула во новата лига, откако триумфираа со 135/5 (18.4) – 134/7 (20).
Каландарс беа први што удираа, а од нив, најефикасен беше Тамим Икбал со 35 поени од 38 топки. Од фрлачите на Кингс, по два викети освоија Вакас Максуд (2-18), Умаид Асиф (2-18) и Аршад Икбал (2-26).
Од инингот на Кингс, капитенот на пакистанската репрезентација, Бабар Азам, беше најдобар со 63 поени од 49 топки.
Од фрлачите на Лахоре, Дилбар Хусаин и Харис Рауф освоија по два викети.



