вторник, ноември 17, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Кошарка

(Видео/Фото) Нов натурализиран играч под обрачите за Македонија

Предраг Јанчески ✏️ Предраг Јанчески
ноември 18, 2020
📁 Кошарка
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Кошаркарот на шпанскиот АЦБ лигаш, Гран Канарија, Џејкоб Вајли кој има 26 години и 203 сантиметри, ќе биде во конкуренција за едно од 12. места во репрезентацијата на Македонија на претстојниот квалификациски турнир во Естонија.

И дефинитивно процедурата за неговото добивање македонско државјанство е завршена на време и тој е веќе регистриран во канцеларијата на ФИБА. Станува збор за крилен центар кој треба да ја пополни позицијата „4“, на која досега од натурализираните кошаркари ги имавме на располагање Ричард Хендрикс, а потоа и и Шејн Витингтон, кои сега играат во Јапонија и кои поради строгите здравствени процедури во „земјата на изгрејсонцето“ не се во можност да  настапуваат во „црвено-жолтиот“ дрес на нашиот национален тим.

Џејкоб Вајли има искуство и од НБА лигата. Во 2017 година, сега веќе новиот Македонец одигра пет средби во дресот на Бруклин нетс. Наредното лето  играше и за Далас маверикс во летната лига. Минатата сезона настапуваше за Панатинаикос, а има искуство од играње во Германија и од далечната Австралија.

Во текот на оваа сезона за Гран Канарија просечно реализира по 9.8 поени и 2.3 скока во шпанската „Ендеса“лига. На претстојниот „балон“ во Талин, нашиот сениорски национален тим ќе ги одмери силите против Италија (28. ноември), а потоа и против домаќинот Естонија (30 ноември). Во „Б“ групата е уште и селекцијата на Русија.

На континенталниот собир (во четири различни држави од Европа) ќе се најдат двете најдобри селекции на табелата во конкуренција на руската, естонската и македонската селекција, со оглед на тоа што Италија веќе има обезбедено пласман на Евробаскетот, и тоа како еден од четирите организатори на шампионатот.

ShareTweet
Претходна вест

(ВИДЕО) Прва титула за Карачи Кингс во Пакистанската Супер Лига

Следна вест

Да го завршиме овој циклус со позитивен резултат против Ерменија

Предраг Јанчески

Предраг Јанчески

Слични вести

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ
Кошарка

ЈУНИОРКИТЕ НА СТРУГА 2009 ПОРАЗЕНИ ВО КАВАДАРЦИ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
09/Ное/2026
Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби
Кошарка

Кадетките на Струга 2009 славеа во Езерското дерби

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Окт/2026
ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!
Кошарка

ДВОЈНА ПОБЕДА ЗА СТРУГА 2009! КАДЕТКИТЕ И ПИОНЕРКИТЕ УБЕДЛИВИ ПРОТИВ КИЧЕВО!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
12/Окт/2026
ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир
Кошарка

ПЕХАРИТЕ ЗА ДОМАЌИНОТ! Струга 2009 славеше на домашниот турнир

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
14/Сеп/2026
Следна вест

Да го завршиме овој циклус со позитивен резултат против Ерменија

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.