Денес, на ,,Аделаид Овал”, пред 22 934 гледачи беше одиграно финалето на петтата АФЛ сезона во женска конкуренција.
На него, Бризбејн Лионс успеаја да дојдат до првата титула, откако ги совладаа Аделаид Кроус со (3.2) 20-38 (6.2).
Лионс се најдоа во големото финале по третпат во петте сезони, а во првото од нив, беа поразени токму од денешниот противник.
На денешната пресметка, Кроус се држеа резултатски во првото полувреме, но клучна за нивниот пораз беше третата четвртина што ја загубија со (0.1) 1-18 (3.0).
Од редовите на Бризбејн, по два голови постигнаа Куртни Ходер и Џес Вушнер, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Лорен Арнел и Бел Доус.
Кај Аделаид, по еден погодок вреден шест поени имаа три различни фудбалерки, односно Даниел Понтер, Стеви-Ли Томпсон и Елоис Џонс.
Откако ја прескокнаа четврт-финалната серија, во полуфиналето, Аделаид беше подобар од Мелбурн Демонс (33-15), а новите шампиони ги совладаа Колингвуд Мегпајс (45-41).
📸 James Elsby/AFL Photos via Getty Images