
Вашингтон Капиталс дојдоа до првата шут-аут победа во новата сезона, откако ги совладаа Нешвил Предаторс со 0-3.
Најзаслужен за ова достигнување на претставниците на главниот град на САД беше голманот Дарси Кемпер, кој ги одбрани сите 34 противнички удари.
Од неговите соиграчи, во втората третина погоди Бек Маленстин, а во третиот дел реализираа Алексеј Протас и Александер Овечкин.
На Истокот, Капиталс го заземаат петтото место, додека Предаторс се единаесетти во Западната конференција.




