
Хјустон Астрос ја израмнија финалната серија против Филаделфија Филис на вкупни 1-1, откако во вториот дуел триумфираа со 5-2.
Исто како и на првиот меч, Астрос стекнаа водство од 5-0, но овој пат не им дозволија на ривалите да направат пресврт.
Најзаслужен за тоа беше стартниот фрлач, Фрамбер Валдез, кој за 6.1 ининзи допушти само еден поен и освои девет страјк-аути.
Од неговите соиграчи, во листата на поентерите влегоа Хозе Алтуве, Џереми Пења, Јордан Алварез (х2) и Алекс Брегман (хоум-ран).
На спротивната страна, по четири бази освоија Ник Кастељанос и Алек Бом.




