По втор ден во низа, на падините во околината на Банско, алпските скијачи од Светскиот куп се тркаа во велеслалом.
По вчерашното второ место, денес најдобар беше првопласираниот после првата серија – Матје Февр (2:25,29).
За новиот светски првак во оваа дисциплина, ова е само втора победа во Светскиот куп, односно прва после 4 декември 2016.
На второто место, со напредок од четири позиции во однос на првата серија, заврши Марко Одермат (+0,75), кој десет пати во низа финишира во топ 5 во велеслалом.
Со најниското место на пиедесталот можеше да се задоволи водечкиот во генералниот пласман, Алексис Пантуро (+0,81).
Во продолжение, сите скијачи заостануваа над една секунда, а од нив најдобри беа: Тибо Фавро (+1,08), Штефан Бренштајнер (+1,14), Жан Крањец (+1,59), Лоик Мејар (+1,80), Жистин Муризие (+2,11), Хенрик Кристоферсен (+2,15) и Марко Шварц (+2,25).
📸 Christophe Pallot/Agence Zoom/Getty Images



