На денешната програма од Светското првенство во крос-кантри, одржано во Оберстдорф, Германија, беа тимските спринт-трки.
Во женска конкуренција, до златниот медал дојде Шведска (16:27,94) за која скијаа Маја Далквист и Јона Сундлинг.
За само 0,95 секунди послабо време имаше Швајцарија (Надин Фендрих Лориен ван дер Грааф), а Ева Уревц и Анамарија Лампич ѝ ја донесоа бронзата на Словенија со половина секунда предност во однос на четвртопласираната Русија.
Кај мажите, очекувано со злато се закити Норвешка (15:01,70), односно Ерик Валнес и Јоханес Клебо.
На втората позиција, изненадувачки се пласираа Финците Ристомати Хакола и Јони Меки (+1,73), а селекцијата што водеше речиси низ целото финале, Русија (+2,14), накрај мораше да се задоволи со бронза. За ,,бронзената” екипа настапија шампионот во скијатлон, Александер Болшунов и Глеб Ретивих.
📸 Matthias Hangst/Getty Images



