Дивизискиот дуел од АФК Север помеѓу Чикаго Берс и Минесота Викингс беше последен од десеттото овосезонско НФЛ коло.
На ,,Солџер Филд”, среде Чикаго, ,,Викинзите” успеаја да го надиграат противникот за првпат после 2017 со резултат од 13-19.
За Берс, ова е четврти последователен пораз за учинок од 5-5, односно само една победа повеќе во однос на Викингс (4-5).
Минесота го отвори резултатот на денешната средба со тачдаунот на Адам Тилен во деветтата минута.
До крајот на полувремето, Берс постигнаа два филд-голови преку Каиро Сантош.
Првата акција од второто полувреме беше најфантастичната од цел меч. Имено, враќачот на Чикаго, Кордарел Патерсон, го врати почетниот удар за тачдаун од 104 јарди.
Тоа беше воедно и последното поентирање на Берс, пред серијата на Викингс од два филд-голови на Ден Бејли и уште еден тачдаун на Тилен.
За квотербекот на Викингс, Кирк Казинс, ова беше прв триумф во натпревар одигран во понеделник вечер по американско време, од вкупно десеттиот настап.
Од друга страна, квотербекот на Чикаго, Ник Фолс, се здоби со навидум сериозна повреда и го напушти мечот.



