
Во рамките на деветтото коло од тековната АФЛ сезона, Норт Мелбурн Кенгарус дојдоа до првата победа и на победнички начин му го честитаа 54. роденден на тренерот Дејвид Нобл.
Имено, ,,Кенгурите” ги совладаа Хоторн Хокс со резултат од (12.8) 80-87 (13.9) после огромен пресврт.
Во текот на првите три четвртини, Хокс непрестано имаа резултатска предност што во два наврати изнесуваше +32.
Сепак, Норт Мелбурн ја доби третата четвртина со 29-8 и го пренесе моментумот во четвртиот квартал за да стигне до првите бодови сезонава.
Најзаслужен за триумфот на ,,сино-белите” беше Камерон Зурхаар, кој постигна вкупно 26 поени (4.2).
Од неговите соиграчи се истакнаа дебитантот Тејлор Гарнер (3.1) и Терин Томас (1.2), кои беа единствени со над 8 поени.
Од редовите на Хоторн, по два голови постигнаа Џејмс Казинс (2.2), Лук Бројст (2.1), Чед Вингард (2.0) и Џејкоб Кошицке (2.0).
На табелата, овие два ривали се наоѓаат на самото дно со тоа што Норт Мелбурн има една, а Хоторн – две победи.



