
Синоќа, по вторпат во низа, Хјустон Астрос го добија дербито на Тексас, откако ги совладаа Ренџерс со 10-4.
На мечот, Ренџерс постигнаа по еден поен во четири периоди, додека Астрос брзопотезно ја решија задачата со по три поени во вториот и во петтиот, односно со четири поени во третиот ининг.
За Ренџерс, Адолис Гарсија забележа хоум-ран, а со трчање поентираа Ајзеа Кинер-Фалефа (х2) и Ник Солак.
На спротивната страна, Мартин Малдонадо дојде до хоум-ран, а по четири бази освоија Јули Гуриел (х2), Карлос Кореа (х3), Кајл Такер (х2), Јордан Алварез и Мајлс Строу.
На табелата на Американската лига, Хјустон (22-17) го зазема петтото, а Тексас (18-22) – десеттото место.



