
По двата воведни порази во низа, Барис Нур-Султан ја запишаа првата овосезонска победа, откако славеа над Амур Хабаровск со 3-2.
После првата третина, Куртис Волк и Алихан Асетов стрелаа за 2-0 во корист на Барис, а Аркади Шестаков зголеми на 3-0 во третата минута од вториот период, кога Казахстанците имаа играч помалку на ледената плоча.
https://m.vk.com/video-32678190_456241606?list=9368faa94c002e5082&from=wall-32678190_1070680
Само седумнаесет секунди подоцна, Глеб Зирјанов поентираше по вторпат сезонава за 3-1, а конечниот резултат го постави Владимир Галузин на неполна минута пред крајот на натпреварот.
Во моментот, Барис го држи деветтото место во Источната конференција со два освоени поени, додека Амур, со еден бод, ја држи единаесеттата позиција.



