Тренерот на РК Охрид , Раде Стојановиќ се обрати на јавноста и ја најави новата сезона која почнува утре:
„Одигравме шест натпревари и имавме време да се подготвиме. Задоволен сум од формата на играчите. Имаме една од најмладите екипи во Суперлигата и сигурен сум дека ќе тргнеме со победа в четврток. Јас сум задоволен од играчите со кои располагам, бидејќи сите се млади, ама и искусни. Сметам дека квалитетот мора да го докажеме на терен, но сигурен сум дека имаме компактна и млада екипа.