Екипата на Партизан од Белград ја запиша својата прва гостинска и вкупно втора победа во овосезонското издание на Еврокупот. „Црно-белите“ вечерва беа подобри од Бахчешехир со резултат од 76-82.
Во текот на речиси цел натпревар, победниците имаа резултатска контрола и водеа со едноцифрен број разлика. Најефикасен на теренот беше Ерик Грин од турскиот состав со 23 поени, а само поен помалку имаше најкорисниот кошаркар од српскиот клуб – Коди Милер МекИнтаер. Инаку, за Партизан, на оваа средба не беа во составот Огњен Јарамаз и Вил Мосли.
„Ова ќе биде многу круцијален меч за нашиот пласман во втората рунда.“ – се огласи Зафер Акташ, тренерот на домаќините, во пресрет на натпреварот, алудирајќи дека, доколку Бахчешехир изгуби, тоа ќе биде четвртиот пораз што речиси сигурно ќе го остави надвор од конкуренција за првите четири позиции во групата А.



