Во единствениот денешен дуел во КХЛ, силите ги одмерија Локомотив Јарослављ и Спартак Москва.
Натпреварот, наместо со голови, беше преполн со прекршоци – по шест двоминутни исклучувања и на двете страни.
После регуларните шеесет и после дополнителните пет минути игра, не падна ниту еден погодок.
Сепак, после пеналите, Локомотив го доби денешниот ривал со двата успешни шутеви на Јегор Коршков и на Павел Красковски.
Имено, за клубот од Јарослављ, ова беше седми последователен триумф и дури четврти од истата низа што бил решен после продолжение или после пенали.
По овој дуел, на табелата на Западот, Локомотив ја зазема третата, а Спартак – осмата позиција.