Новиот тренер на КК Партизан, Жељко Обрадовиќ, дебитираше во АБА Лигата со триумф над Задар од 73-78.
После релативно неубедливите подготвителни натпревари, српските претставници покажаа за нијанса поубедлива игра на хрватското гостување.
Во вкупно четири наврати во второто полувреме, Партизан имаше двоцифрена предност, која сепак во завршницата беше анулирана од страна на домашните кошаркари.
Како еден од клучните играчи на мечот, со двојните офанзивни добиени поседи во финишот, се покажа Зек ЛеДеј (Партизан), кој воедно беше и единствен со дабл-дабл учинок од 10 поени и од 10 скокови.
Од неговите соиграчи, по 11 поени постигнаа Урош Трифуновиќ и Алекса Аврамовиќ, додека по 14 кошеви забија Кевин Пантер и Далас Мур.
На спротивната страна, најефикасни со 16, односно со 15 поени беа Домагој Вуковиќ и Антонио Јордано.
Членовите на победничкиот состав ќе останат во Хрватска до 30 септември, кога ќе се соочат со Сплит, додека Задар е приморан да се упати во Црна Гора поради гостувањето кај Студентски Центар.