Лас Вегас Рејдерс го напуштија друштвото на Аризона Кардиналс и влегоа во кругот на екипите со најмалку еден пораз во новата НФЛ сезона.
Во последниот натпревар од четвртото коло, Рејдерс загубија со резултат од 28-14 од страна на ЛА Чарџерс.
На мечот и покрај релативно високиот број на поени, одбраните доминираа и на двете страни.
После првата четвртина, Чарџерс водеа со 7-0, но успешно ја искористија кратката криза на Рејдерс кон крајот на првото полувреме и го зголемија водството на 21-0.
Во второто полувреме, Рејдерс го намалија својот дефицит на само еден посед разлика, но во последниот квартал, со еден тачдаун и со едно пресечено додавање, Чарџерс го обезбедија третиот триумф во сезоната.
Одбраната на Чарџерс допушти вкупно 244 јарди, од кои квотербекот на Рејдерс, Дерек Кар, освои 196 со додавање.
Кар, исто така, постигна и два тачдауни со додавањата кон Дерен Волер и кон Хантер Ренфроу.
Домаќините од Лос Анџелес имаа дури 168 јарди со пробивање, од кои дури 117 беа на ранинг бекот Остин Екелер, кој забележа и два тачдауни.
Освен кон Екелер, квотербекот Џастин Херберт уфрли две полагања кон Доналд Парам и кон Џеред Кук, а со 25/38 прецизни обиди освои 222 јарди.
После четири средби, Чарџерс и Рејдерс имаат учинок од 3-1 и се наоѓаат во горната половина на табелата на АФК.
Во соработка со НФЛ Македонија