Герет Бејл го постигна решавачкиот победнички гол за Тотенхем на натпреварот против Брајтон и при тоа при прославата на голот извика ,,VAMOS”, што на шпански значи “Ајде” во вид на провокација на Зинедин Зидан и греењето на клупата во Реал Мадрид. На сето тоа по крајот на натпреварот, Жозе Мурињо им кажа на новинарите дека ќе прочитал во шпанските медиуми за играта на Бејл во дресот на Тотенхем.