Гамбиецот 24-годишниот Шериф Сињан од тимот на Молде прописно се посрамоти пред фудбалска Европа, во рамките од настапот во групната фаза од Лига Европа против ирски Дундалк.
Сињан промаши од самата гол линија и му ја врати топката на голманот кој беше на спротивната страна, а притоа и со лизгачки старт во обид да даде гол се заби во стативата.
За среќа мина без повреда, а и утката не го чинеше скапо Молде, тим што го победи Дандалк со 3:1 и има шанси за пласман во следната фаза во Европа Лигата. На норвежаните им треба реми во Виена против Рапид во последното коло, или да не загубат со повеќе од еден гол разлика за пласман во нокаут фазата.