Стартуваше женското Европско првенство во ракомет, првиот ден се одиграа четири меча. Фаворитките со победи го отворија Европското првенство во ракомет во Данска, откако Русија со фантастично второ полувреме ја декласираа Шпанија со 31:22, додека Германија потешко од очекувањата со 22:19 беа подобри од Романија.
Норвешка без проблем ја доби пресметката со Полска славеше со 35:22. Мерк и Рајштад запишаа по шест гола, Гега Марта со ист број на погодоци беше прво име кај Полска. Во групата Б, победа забележа и Шведска. Чешка пружи силен отпор, но крајот беше совладана со 27:23. Блом имаше пет гола, еден помалку запишаа Гулден.