Екипата на Локомотив Јарослављ го запиша петтиот пораз на последните седум средби, откако денес загуби од Јокерит со 2-3.
Од друга страна, Јокерит победи на вториот врзан натпревар и го претекна денешниот ривал на табелата, заземајќи го седмото место.
Имено, финскиот состав поведе во првата третина преку Џордан Шродер, а во воведните минути на вториот дел, домаќините израмнија на 1-1 со пауер-плеј голот на Владимир Ткачјов.
До крајот на втората третина, Јокерит ја врати својата предност и ја зголеми на 1-3, благодарение на Јакуб Крејчик и на Никлас Јенсен.
Во третата третина, Локомотив успеа само да го преполови својот заостаток преку Јегор Коршков, кој го постави и конечниот резултат на овој меч.