Денес во Струга, со почеток од 17 часот , се одржа промоција на монографијата „Знам за еден град крај езеро” – Струшки навивачки хроники од М-р Коста Хиохи, кое претставува една ретроспектива на струшкото навивање. Настанот се одржа на летната сцена при Центар за култура „Браќа Миладиновци”. На промоција присуствуваа многу спортисти, граѓани на Струга и многу навивачи членови на навивачката група “Паткари”.
На настанот свое обраќање имаа авторот на монографијата М-р Коста Хиохи, како и рецезентите на книгата – Никола Кукунеш и проф. д-р Лиза Пантековска. Во книгата Хиохи ги има зачувано од незаборав спомените на навивачите од повеќе генерации од разните спортски успеси во Струга.