Во првиот неделен дуел од КХЛ, силите на Истокот ги одмерија Амур Хабаровск и Торпедо Нижњи Новгород.
Домашната екипа на Амур забележа по еден погодок во првите две третини и после четириесет минути игра водеше со 2-0 благодарение на Кирил Расказов и на Александер Горшков.
Во третата третина, Џастин Клус и Дамир Жафјаров се запишаа во листата на стрелците за Торпедо и го однесоа натпреварот во продолжение.
По дополнителните пет минути, резултатот остана непроменет, па следуваа пеналите.
Во пенал-рулетот беа потребни вкупно шест серии за Торпедо да ги однесе двата поени во Нижњи Новгород, откако двапати прецизен беше Крис Вајдмен. За Амур, еднаш погоди Валентин Пјанов, кој исто така го промаши и клучниот пенал.
Со овој триумф, Торпедо ја презема седмата позиција на Истокот од Сибир Новосибирск, а Амур останува на претпоследното место.



