„Ој, Вардаре македонски“ оригинално е отпеана од великанот Јонче Христовски, но оваа безвременска тема магично звучи и во интерпретација на Марија Спасовска, младата пејачка која јавноста ја памети уште од „Поточиња“, мјузиклот „Тајно моја“, Детската Евровизија…
Марија во младоста играла за Жрк Вардар пс ова и била омилена тема за пеење Марија во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“. Аранжманите се на маестро Николче Мицевски, а видеата и комплетната реализација на проектот – составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи, се со потписот на Скендеровски продукција. Во склоп на „Македонијо во срце те носиме“ јавноста покрај досегашните објавени песни и изведувачи уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов и Зуица Лазова.