Младиот српски бек Матија Николиќ успешно ги помина лекарските прегледи и потпиша двегодишен договор со Вардар, со можност за плус уште една. Тој веќе работи со екипата во Скопје и ќе продолжи на подготовките за новата сезона.
Вардар сезонава ќе има подмладен тим особено на бековската позиција. Николиќ е третото засилување за „црвено-црните, по левото крило Марко Срдановиќ кој исто така потпиша двегодишен договор со скопјани и Стефан Петриќ.
Николиќ има 22 години и во последните три сезони настапуваше во словенечкиот шампионат каде го носеше дресот на Шкофја Лока. Таму се пресели во сезоната 2020/21, и тогаш на 26 меча даде 75 гола.