Тампа Беј Рејс ја прекинаа својата лоша серија од три врзани порази со денешната победа од 11-1 над Бостон Ред Сокс.
,,Ражите” ја градеа својата предност полека, но сигурно и после осум ининзи водеа со 11-0. Единствениот поен на Ред Сокс беше постигнат во ппследната деветина.
Играчите на Тампа Беј постигнаа и три хоум-рани – Јоши Тсутсуго и Нејт Лоув (х2).
Во Источната дивизија на Американската лига, Рејс се први со 29-16, а Ред Сокс – последни со 16-30.



