Бразилскиот мотоциклист Андре Верисимо ја загуби трката во серијалот Супербајк Бразил на неверојатен начин, каде што мотоциклистот во финишот пребрзо славеше победа, затоа што на последниот свиок се заврте кон конкурентите и високо ги подигна рацете во знак на победа, но на конкурентите не му ја процени брзината и на крај Освалд Филч и Марсел Скаф завршија пред несреќниот Верисимо.

Единствената добра вест за Андре Верисимо е дека тоа беше последната трка на шампионатот и дека неговото трето место било доволно за целокупната победа во класата „Ево“.



