Горан Пандев и Џенова остварија важни три бода на гостувањето кај Специја и запишаа триумф со 1:2. Специја поведе со голот на Нцола, но одговор стигна од Џенова по акцијата на Пандев и реализацијата на Дестро во 15 минута.
Нашиот најдобар фудбалер се задржа на теренот до 74-тата минута, а излезе од игра веднаш по голот од пенал на Кришито за 2:1 со кој Џенова триумфираше првпат по три месеци пауза во Калчо лигата.



