Поради принудната пауза на спортските натпревари поради пандемијата од вирусот Ковид-19 како и сите фудбалски првенства така и домашниот македонски шампионат за женски фудбал е во мирување.
За таа цел ја користиме паузата за да ве потсетиме како супер талентираната 13-годишна фудбалерка на ЖФК Атлетико од Битола, Јована Павловска на мечот против ЖФК Плачковица го постигна најубавиот гол во досегашниот тек на Прва ЖФЛ за оваа сезона.



