Кичевчанецот Тоше Ангелески со cover верзија на големиот хит “И сад ме по теби познају”. Како што кажува оваа 2020та година е година на промени. Тој оваа 2020та година ја почна неговата соло кариера. Вложувањето во себе е секогаш најдобар избор вели тој.
Во блиска иднина следуваат низа на проекти за најдобрата македонска публика. Ова прилика ја користи исто така да ги замоли сите граѓани да седат дома и да слушаат добра музика. Тоа е најдобрата мерка за пребродување на овие тешки моменти со вирусот COVID – 19.



