Првиот меч од новата сезона на јапонската Ј1 Лига го одиграа актуелните шампиони, Кавасаки Фронтале и шампионите од 2019 – Јокохама Маринос.
Домаќините и бранителите на насловот накрај го добија мечот со 2-0, после убедливото прво полувреме.
Стрелец на двата погодоци беше 34-годишниот Акихиро Иенага (21′, 43′), кој во меѓувреме промаши и една стопроцентна шанса.
Во второто полувреме, сè што успеаја да направат гостите беше погодената статива од страна на Адо Онаиву.
📸 J.LEAGUE/J.LEAGUE via Getty Images