Шестиот овосезонски спуст во женска конкуренција, одржан во Вал ди Фаса, Италија, ја продолжи сезоната во Светскиот куп.
На него, до петтата победа во тековната сезона дојде Швајцарката Лара Гут-Бехрами (1:23,93), која воедно освои бронза на изминатото СП во истата дисциплина.
Само две стотинки послабо време имаше второпласираната Рамона Зибенхофер, која се искачи на подиумот за првпат после две години.
Третата позиција ја освои победничката на првиот овосезонски спуст – Корин Сутер (+0,26).
Во продолжение, под една секунда заостануваа Кира Вајдле (+0,33), Бризи Џонсон (+0,36), Кајса Викоф Ли (+0,82), Мари-Мишел Гањон (+0,84) и Лаура Пировано (+0,90), а деветтото место го поделија водечките во генералниот пласман – Мишел Гизин и Петра Влхова (+1,12).
📸 Francis Bompard/Agence Zoom/Getty Images