Откако Никола Јокиќ се здоби со повреда на рачниот зглоб, Денвер Нагетс запишаа три порази во низа.
Синоќа, претставниците на Колорадо загубија на гостувањето кај Портланд Трејл Блејзерс со 119-100.
Натпреварот имаше неизвесен тек, но серијата од 16-0 на Портланд во финишот на второто полувреме беше вистинска пресвртна точка.
Како најефикасни играчи, со 32 и со 25 поени, од домашниот состав се издвоија Си Џеј МекКолум и Демиен Лилард.
Од редовите на Нагетс, најмногу кошеви постигнаа Џеф Грин (24) и Монте Морис (16).
Со петтата победа во низа, Портланд (10-8) скокна на шестото место на Западот, додека Денвер (9-9) падна на осмата позиција.