
На денешните пет средби од деветнаесеттото коло на англискиот Чемпионшип паднаа вкупно четири голови.
Три од нив беа постигнати во победата од 1-2 на Престон Норт Енд над екипата на Мидлсброу.
Домаќините, на чело со тренерот Крис Вајлдер, ја имаа иницијативата во текот на цел натпревар и поведоа со 1-0 преку Пади МекНер (33′).
Сепак, во второто полувреме, во интервал од четири минути, гостите направија целосен пресврт со единствените два удари во рамките на противничкиот гол.
Најпрво, на 1-1 израмни резервистот од клупата, Чед Еванс (77′), а победата на Норт Енд му ја донесе Емил Риис (81′).
Од останатите пресметки, Шефилд Јунајтед го порази Рединг со 0-1, а без голови ремизираа Блекпул – ВБА, Ковентри – Бирмингем и Нотингем – Лутон.
На табелата, Престон го презеде четиринаесетто место, спуштајќи го Мидлсброу на петнаесеттата позиција.



